Македонија

Демонстранти почнаа да маваат со стаклени шишиња, полицаец погоден во глава

Демонстранти почнаа да маваат со стаклени шишиња, полицаец погоден во глава

Демонстрантите започнаа да предизвикуваат инциденти и на денешниот протест пред Собранието, кој досега течеше мирно и без посериозни нарушувања на мирот.

Иако поголем дел од демонстрантите го напуштија протестот отккако беше соопштено дека истиот е завршен, сепак помала група очигледно политички инструирана повторно почна да прави нереди налик на вчерашните, да мава со стаклени шишиња пред Собранието и со јајца кон Законодавниот дом, пишува Курир.

gero

Насилните демонстранти најпрво започнаа да фрлаат со јајца кон Парламентот, а потоа и со стаклени шишиња, по што еден од полициските службеници беше погоден со шише во главата. За време на вчерашните насилни протести организирани од СДСМ и СОРОС беа повредени дури 38 полицајци, од кои шест потешко.

Опозицијата денеска конечно се идентификува со протестите, бидејќи во првите редови беше забележано речиси целото раководство на СДСМ предводено од заменик-претседателот на партијата Радмила Шекеринска, генералниот секретар Оливер Спасовски, портпаролот Петре Шилегов и низа други.

milcin

Покрај најтесната клика на СДСМ, протестите ги водат уште и првиот човек на фондацијата СОРОС Владимир Милчин, главниот медиумски стратег на опозицијата Бранко Героски, како и ред други соросови активисти кои се дел од секој опозициски протест.