Демонстранти се судрија со полицијата во Париз (ВИДЕО)

По првичните резултати, со кои Ле Пен влезе во финалето, антифашистички демонстранти се судрија со полицијата во Париз.

Специјалната полиција пушти солзавец за да ја растури толпата.

Толпа анархисти, антифашисти и други се судрија со полицијата во Париз по раните изборни резултати што сугерираа дека Марин Ле Пен ќе влезе во финалниот круг на гласање.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, а полицајци во полна опрема го опкружија плоштадот Бастилја.

Францускиот весник Ле Монд објави дека неколку стотици демонстранти фрлаа шишиња и петарди кон полицијата.

Еден од организаторите ѝ кажа на толпата да протестира „против Марин и против Макрон“ и додаде дека „без оглед какви ќе бидат резултатите, ние нема да ги признаеме“.

Специјалната полиција се соочи со демонстрантите и се обиде да ги задржи во областа Опера, објави Ле Паризиен. Некои од демонстрантите носеа фантомки и црна облека.

Околу 9 часот вечерта, демонстрантите се преместија на булеварот Бомарше, каде што, наводно, кршеа излози, автобуски постојки и прозорци на полициски возила.