Демонстранти со камења фрлаа по Фабио Канаваро

Отвореното студио за анализа на натпреварите од Светското фудбалско првенство во Бразил на плажата Копакабана во Рио, беше нападнато од демонстранти. Со камења беше фрлано на аналитичарите Ли Диксон, Фабио Канаваро, Патрик Виера и Адријан Чајлс, на кои не им беше дозовлено да си ја вршат работата.

Во Бразил одамна трае незадоволството за потрошените пари за организација на Светското првенство . Доказ за тоа е што и во Сао Паоло полицијата мораше да употреби солзавец парализирачки гранати и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите.

Воени хеликоптери исто така летаа низ градот во моментот кога полицијата се обидуваше да ја разбие толпата на демонстранти кои протестираат против одржување на Мундијалот. пишува ”Стандарс”