Демонстрантите и денеска го блокираа сообраќајот во центарот на Сараево

Учесниците на протестите и денеска во Сараево го блокираа сообраќајот во центарот на градот во непосредна близина на зградата на Претседателството на БиХ.

Трамвајскиот сообраќај кон градот функционира само до железничката станица, имајќи предвид дека демонстрантите застанале на трамвајските шини во правец кон Скендерија.

Протестот на околу 100 граѓани е мирен со повици „оставка“ и „крадци“.