Демонстрантите кои дивееја во Скопје на обвинителна клупа

Триесетгодишниот Ф.Н. и Н.А. кои дивееја и кршеа за време на протестите во Скопје денеска ќе седнат на обвинителната клупа.

Тие се осомничени за учество во толпа која ќе стори кривично дело.

Двајцата се сомничат за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов кај Рекорд во Скопје, и на Министерството за правда.

Ова ќе биде трет обид за почеток на судењето против нив, откакопретходните две рочишта беа одложени за да се утврди колкава штета направиле.

Вкупната штета направена со кршењето на Канцеларијата на Иванов и на Министерството за правда е проценета на 880.000 денари.

За потсетување, на протетсите во Скопје беа приведени 13 лица. Двајцата заработија кривична пријава и куќен притвор од осум дена.

Протестите се случија по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на сите политичари и нивни соработници.