Демонстрантите подготвени да го напуштат градскиот совет во Киев

Украинските демонстранти, кои во текот на антивладините протести го окупираа градскиот совет во Киев, се подготвени да ги напуштат просториите, откако властите објавиле дека ги пуштиле сите притворени демонстранти, изјавил денеска еден опозициски претставник.

Евакуација на таа институција, окупирана пред повеќе од два месеци, е еден од условите кои властите ги поставиле за да се повлече обвинението против ослободените активисти.

Според зборовите на Јуриј Сиротјук, вториот човек на националистичката партија Свобода, под чија контрола е градската куќа, постои подготвеност таа за евакуира за само неколку минути до половина час.