Демонстрантите се обидоа да го заземат министерството за енергетика

Околу 100 антивладини демонстранти во Украина се обидоа денеска да ја заземат главната зграда на министерството за енергетика, изјави денеска министерот за енергетика Едвард Ставицки.

„Се обидоа да ја преземат згарадата. Дојдоа околу 100 вооружени луѓе. Им пријдов и им кажав дека постои ризик од колапс на целиот енергетски систем на Украина ако мирно не излезат од зградата,“ изјави Ставицки.

Тој за Ројтерс изјави дека демонстрантите ја напуштиле зградата, но го блокирале влезот од надворешната страна.

„Она што сега се случува е закана по целиот енергетски систем,“ додаде тој.

Настојувањето украинската криза да се реши со мирни средства без употреба на сила, не даде резултат, изјави денеска министерот за внатрешни работи Виталиј Захарченко, обвинувајќи ги демонстрантите дека носат огнено оружје пред неговата зграда, пренесува АФП.