Демонстрантите се разотидоа, протестите завршија без инциденти

Демононстрантите се разотидоа, а протестите поминаа без никакви инциденти. Незадоволните граѓани кои овојпат излегоа на протест официјално со организатор, ги кажаа своите барања.

Тие најавија дека протестите нема да престанат се додека не бидат исполнети следните барања: Ослободување на осудените во случајот Монструм и нивно обештетување; итно разрешување на јавниот обвинител и судијата од случајот, како и нивно кривично гонење за злоупотреба на службената должност; оставка од министерката за внатрешни работи, итно ослободување на сите приведени лица од протестите во Скопје и Тетово, како и барањето јавниот правобранител , Хелсшинкиот комитет, ОБСЕ да ги посетат приведените од протестите во Скопје и Тетово и праведно да ги известат нивните роднини и пошироката јавност за нивната физичка и здравствена состојба.