Демонстрантите во Сараево тврдат дека полицајците ги тепале во подрум

Најголем број од демонстрантите, околу илјада, кои беа уапсени во Сараево, пуштени се на слобода.

Со извици „бандо пуштете ни ги децата“, родителите бараа децата да бидат пуштени од притвор. Дел од приведените во текот на денот биле ослободени по групи, а против десетмина ќе биде покрената кривична пријава.

Ослободените изјавија дека полицајците ги тепале и малтретирале, на што собраните реагираа со повиците „убијци, срамете се“!

„Цел ден не тепаа.Со врати од гепек не удараа по нозе. Прво не ставија во ќелија, а потоа во подрум во ПУ Центар. Нас двајца не тепаа осумина полицајци, Не уништија,“ изјави Харун Чехајиќ, пренесува „Дневни аваз“.

Родителите на 14-годишно момче од страв да не добијат отказ не сакаа да го откријат своето име, изјавија дека нивниот син бил пуштен со модрици и со копче на усна.