Демонстрантите запрени од полицискиот кордон кај Бит Пазар

Голема толпа граѓани се упати накај Мавровка, но се запрени од полицикскиот кордон. Полицијата и демонстрантите се пресретнаа на крстосницата кај Судот кај Бит Пазар.

Демонстрантите носат пароли на албански, албански знамиња и извикуваат УЧК.

Во групата се претежно млади лица кои ја провоцираат полицијата.

Неофицијално, меѓу демонстрантите е присутен и струшкиот градоначалник Зијадин Села.