Демпси: ЕУ да посвети поголемо внимание на Балканот

Европската унија дека мора да посвети поголемо внимание на регионот од западен Балкан, доколку не сака тој да биде „окупиран од Москва“, предупреди аналитичарката на институтот „Карнеги Европа“, Џуди Депси.

Демпси нагласи дека процесот на проширување на ЕУ е многу повеќе од прием на нови членки во европското семејство, бидејќи тој во суштина претставува демократизација на регионот.

Според неа, на европскиот комесар за соседство и за преговорите за проширување Јоханес Хан „треба да му се даде шанса“, иако смета дека „неговите раце сепак се врзани“.

– Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер е противник на проширувањето на ЕУ и заговара пауза на тој процес, што не смее да се дозволи. Не смеете да ги обесхрабрите луѓето од западен Балкан… Состојбата е доволно тешка, вели Демпси за сареавескиот весник „Дневни аваз“.

Демпси потсетува дека има луѓе кои велат дека „приказната за Русите на Балканот“ е само претерување.

– Но, видовте што неодамна направија Русите во Советот за безбедност на ОН, кога се воздржаа од гласање за продолжување на мандатот на ЕУФОР. Таа воена мисија нити смрди. ниту пак мириса, таа е тука таква каква што е. Но и таква таа им пречи. Тоа беше нивна порака упатена до нас, дека следат се што се случува и дека во секој момент може нешто да направат, смета Демси.