„Ден на идеи“ во Владата, Груевски посветен на граѓаните

Манифестацијата „Ден на идеи“, што веќе неколку години се организира во Владата на Република Македонија и оваа година масовно беше посетена. На оваа манифестација, граѓаните на Македонија во директна комуникација со министрите на Владата, ги кажуваат своите идеи, а потоа се разгледувани од страна на стрчните тимови. И оваа година „Ден на идеи“ наиде на масовна посветеност од старана на граѓаните на Македонија.

Сите предлози и идеи дадени од страна на граѓаните ќе бидат систематизирани, а понатаму ќе бидат процесуирани до соодветните министерства, соопшти владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

„Голем број од дадените идеи се преточуваат во конкретни проекти и понатаму се реализираат“, изјави Ѓорѓиев.

За овој ден се пријавени помеѓу 250 и 270 граѓани, со што ова станува една стандардна бројка која секоја година се повторува.

„И оваа година најголем интерес кај граѓаните е да поразговараат и разменат мислења со претседателот на Владата, потоа со потпретседателите од економскиот систем, а интересно е што оваа година гоем број граѓани се заинтересирани да разговараат за иноваторството и претприемништвото“, рече владиниот портпарол.

Ѓорѓиев додаде дека ова е само еден од начините за собирање на идеи од граѓаните, потенцирајќи дека покрај овој ден, министрите ги користат и своите секојдневни активности да поразговараат со нив и разменат мислења.