Македонија

Ден на практикантите на ЕВН Македонија

Ден на практикантите на ЕВН Македонија

ЕВН Македонија ја организираше традиционалната средба на студенти кои беа дел од програмата на компанијата за практикантска работа наменета за студентите од сите факултети низ републиката, „Ден на практиканти 2014“.

ЕВН Македонија ја продолжи поддршката за деветте млади и амбициозни студенти од електротехничките насоки на ФЕИТ и Техничкиот факултет во Битола, кои ги исплонија условите за задржување на стипендијата. Својата успешна приказна ја заокружија и петте стипендисти од првите генерации од програмата за стипендирање на ЕВН Македонија кои по завршувањето на студиите добија шанса да станат дел од компанијата.

– Вашето задоволство е мерило и повик за идните генерации кои чекаат на можностите кои ги нуди ЕВН Македонија. Некои од вас ќе станат лидери, а некои експерти во својата област. Ви посакувам се најдобро и се надевам дека ќе се сретнеме повторно, како колеги во рамките на ЕВН, им порача Вернер Хенгст, претседател на УО на ЕВН Македонија.

Соработката во однос на практикантството мегу Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје и ЕВН Македонија трае веќе пет години.

– Откако почнавме со практиканството и стипендирањето, бројот на студенти се зголеми за три пати. Не само што се зголеми, туку веќе ги запишуваме и најдобрите студенти во енергетските насоки, рече проф. д-р Христина Спасовска, продекан за настава на ФЕИТ.