„Ден на празот“ во Градошорци

Во селото Градашорци денеска се одржа „Ден на празот“,под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во организација на општина Василево.

Истакнувајќи ја подготвеноста на Владата за подршка на вакви манифестаци, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костовски укажа на можноста и значењето од размена на искуства и знаења.

– Министерството останува партнер на земјоделците во решавањето на проблемите од производството, но и во подобрување на условите за живот во руралните средини и во негувањето на традицијата. За идната година се издвоени 140 милиони евра субвенции, а преку Програмата за подршка на руралниот развој во општина Василево веќе се реализирани два од вкупно четирите проекти за оваа година, рече Костадиновски.

Според градоначалникот Ванчо Стојанов, манифестацијата која се организира седма година, станува дел од секојдневниот живот на земјоделците и производителите од овој дел на општината.

– Горди сме што оваа манифестација стана позната не само во општината и државата, туку и надвор од неа. Годинава наши гости се и граѓаните од збратимената општина Струмијани, Бугарија, со што овој наш градинарски производ ќе се најде и на трпезите надвор од земјата, нагласи Стојанов.