Ден на реката Дрим за подигнување на еколошката свест

Со низа настани, од годинава, 5 мај ќе се одбележува како „Ден на реката Дрим“,поголема контрола на состојбите на еко-системот на Охридското Езеро, особено на нивото на водата во Eзерото чиј водостој последните години бележи осцилации.

„Јавноста во Македонија и Албанија ќе го препознае овој ден, како ден кој не само тогаш,туку во текот на целата година ќе треба да се размислува  околу климатските промени и опасностите и ризиците што предстојат и нивното одговорно однесување воопшто кон животната средина“, кажа Ѓоко Зороски, од охридското еколошко друштво „Грашница“.

Проектот за управување со Дримскиот басен е подржан од Глобалниот еколошки фонд и Германското друштво за меѓународна соработка.

„ Од еден ваков проект ќе има корист и еколошката состојба бидеќи ќе се направи план за управување со Дримскиот басен и план кој што треба да направи заштита од можни појави на поплави и суши на кои што сме сведоци во изминатиот период, меѓу кои што е и зависноста на нивото на Охридското Езеро од тие промени“, посочи Дејан Пановски, од Билатерален секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

 

.