Ден на жалост прогласен во Штип

По серијата сообраќајни несреќи градоначалникот на Штип, Илчо Захариев денешниот ден го прогласи за ден на жалост.

Три дена од новата година Штип завиен во црно, згаснаа три млади животи.

Во вчерашната несреќа, кога со автомобил завршија во водите на Брегалница, животите ги загубија  30 годишниот Ристо Ш. и 41 годишниот Коце П. кои биле вработени во штипскиот затвор.

Инаку, пред три дена, на новогодишната ноќ, во центарот на градот на крстосницата Дујле, загина 38 годишниот Марјан О. На неговиот автомобил налетал пијан возач.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.