вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 22

Ден на жалост во Италија

Во Италија е Ден на жалост, знамињата ширум земјата се на половина копје поради 284-те жртви на земјотресот, кој во средата го погоди централниот дел на земјата. Од загинатите 21 се деца.

фото: АНСА

фото: АНСА

Последни вести

Во Италија е Ден на жалост, знамињата ширум земјата се на половина копје поради 284-те жртви на земјотресот, кој во средата го погоди централниот дел на земјата. Од загинатите 21 се деца.

Во оваа природна катастрофа повредени се повеќе стотици лица, а најмалку 2.500 останале без покрив над главата.

Во градот Асколи се одржува државен погреб и комеморација за дел од жртвите, на кој присуствува и италијанскиот премиер Матео Ренци и претседателот Серџо Матарела.

Некои семејства веќе ги закопаа жртвите, a некои тоа ќе го направат наскоро, на приватни погреби.

Потрагата по преживеани продолжува, иако од четвртокот не е најден ниту еден кој успеал да ја преживее оваа катастрофа. Градоначалникот на Аматриче изјави дека се исчезнати уште најмалку 15 лица, но нема потврда од Цивилната заштита.

– Ќе продолжиме да бараме и да копаме се додека не бидеме сигурни дека под урнатините нема никој, изјави Луиџи Ди Анџело, локален функционер од Цивилната заштита.

Најчитани вести