Ден на жалост во Велес: Родителите се сомневаат на подметнат пожар

Во Велес денеска е прогласен ден на жалост поради трагедијата што се случи пред два дена во која во пожар изгореа три деца.

Советот на Велес вчера донесе одлука за еднократна парична помош во висна од 100 илјади денари за семејството и заедно со Центарот за социјални грижи да се организира погребот на трагично загинатите деца.

Родителите на трите деца, Марина Антониевска и Никола Давчевски, во изјава за ТВ 24, се сомневаат дека пожарот бил подметнат. Обвинителството го истражува случајот, а од велешката полицијата велат дека има траги кои допрва треба да се анализираат.

Има траги, се собраа некои докази, ќе се направат анализи. Се што ќе се собере и ќе се анализира ќе се искористи за утврдување на кривична одговорност на сторителите, вели Верољуб Додовски, портпарол на СВР Велес.

Тој вели дека многу пати барал помош од државата. Преживувале од собирање пластични шишиња и од малата социјална помош која ја добивале. Лути се на државата и велат дека сета помош сега е бесцелна.

Се изгубив, три дечиња изгубив, нема надеж повеќе за нас. Сега сме на улица, а три деца во гроб“, вели таткото Никола Давчевски.

За трагичниот ден раскажуваат дека отишле во продавница да купат храна за децата и се задржале половина час. Кога се вратиле куќата била во пламен. Се сомневаат дека пожарот бил подметнат.

Семејството четири години живее во импровизираната куќа која се наоѓа среде шума, а патот до таму е тешко пристапен. Лути се на  државата и односот кон семејствата како нив. Велат сега секоја помош е задоцнета и бесмислена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.