Ден на жалост во Србија

Во Србија денеска е ден на жалост поради смртта на седум лица на паднатиот воен хеликоптер кој се урна во близина на аеродромот „Никола Тесла” во Белград. Тридневната жалост е прогласена во Нови Пазар, а ден на жалост е и во Република Српска.

Несреќата се случи во петокот вечерта. Транспортниот хеликоптер Ми-17 бил ангажиран во спасувањето на мало бебе, кое поради лошата здравствена состојба мораше итно да патува за Белград, но возилото на Итна помош заглавило на патот меѓу Нови Пазар и Краљево, каде имало одрони на коловозот.

Се очекувало дека хеликоптерот да слета во Белград и бебето ќе биде транспортирано до Институтот за мајка и дете. Но, контролната кула агубила контакт со леталото околу 22.31 часот.

Во несреќата загинаа Иван Миладиновиќ, Омер Мехиќ, Небојша Драјиќ Милован Ѓукариќ, Џевад Љајиќ, Мирослав Веселиновиќ и бебето на семејството Aдемовиќ.