Ден на жалост во Украина

Со едноминутно молечње во Киев им беше оддадена почит на жртвите во автобуската несреќа која се случи во вторникот, а претседателот на Украина Петро Порошенко за денеска најави Ден на жалост во земјата.

Претставници на украинската војска вчера соопштија дека ракетата Град испукана од проруските сепаратисти бго погодила автобусот на контролен пункт во близина на градот Волноваха во регионот на Доњецк.

Бунтовниците негираат дека тие го погодиле автобусот велејќи дека нивната артилерија нема толкав домет.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.