четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 7

Ден по најлудата ноќ: Маска за детоксификација на вашето лице

lice

Поврзани вести

Забавата и непроспиената ноќ со сигурност оставиле траги на вашето лице. Затоа добро е да ја пробате оваа мошне едноставна маска за лице што ќе ви помогне да ги отстраните знаците на мамурлак од вашето лице.

Се што ви треба е јогурт и портокал.

Измешајте го јогуртот со сок од половина портокал и нанесете ја смесата на лице. Оставете ја маската да дејствува 20 минути, а потоа измиете го лицето со студена вода и нанесете дебел слој хидратантна крема.

Што можете уште да направите?

– На очите ставете две оладени кесички од зелен чај да дејствуваат околу 10-тина минути. Тоа ќе ви помогне да ги отстраните подочниците.

– Лицето можете да го истриете со коцка мраз. Тоа ќе ви го врати руменилото во образите и ќе ве пробуди.

– Пиете вода со лимон. Вашето тело е дехидрирано, па затоа ви е потребна вода, а лимонот ќе ви ја врати енергијата и виталноста.

Најчитани вести