Денеска сонце, од утре повторно дожд и грмежи

Во Македонија денеска времето ќе биде претежно сончево и топло време, на повеќе места со натпросечни дневни температури.

Утринската температура се движеше од 9 до 15 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 25 и 35 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, претежно сончево и топло. Утринската температура се спушти до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Утре во текот на ноќта и претпладне, под влијание на нов влажен бран повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови од земјава. Ќе дува и засилен јужен ветер.

Од вторник времето ќе биде стабилно и малку посвежо.