Македонија

Денес е меѓународен ден на аутизмот

Денес е меѓународен ден на аутизмот

Македонија денес со низа настани ќе се приклучи кон одбележувањето на светскиот ден на аутизмот со цел да се подигне јавната свест во државата за лицата со аутистичен спектар на нарушувања.

Здружението „Во мојот свет“ започнува кампања под мотото „Еден свет за сите“ со настан во ТЦ Капитол Мол.

Донација за детскиот центар во населбата Железара по повод Меѓународниот ден, најавија вработените во Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Одделението за заштита на правата на децата и на лицата со посебни потреби при Народниот правобранител пак ќе организира тркалезна маса на тема „Состојбата на децата со аутизам и нивниот третман во здравствениот, образовниот и социјалниот систем во Република Макединија“.

На тркалезната маса најавено е присуство на претставници од министерствата за образование и за здравство, Заводот за ментално здравје, невладини ораганизации, како психолози и дефектолози.

Аутизмот е биолошко развојно нарушување на мозокот чии карактеристики се слабата или никаква комуникација. Болеста најчесто се открива во првите две години од животот на детето. Причините за ова заболување се уште не се целосно познати.

Од Заводот за ментално здравје на деца и младинци во Скопје, наведуваат дека најважно е раното дијагностицирање на болеста со цел навремено третирање на истата.

Болеста почесто се јавува кај машките отколку кај женските деца.