Денес е Света великомаченица Варвара

Еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот на светата великомаченица Варвара. Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас.

Света великомаченица Варвара затоа што била христијанка ја погубил нејзиниот татко, кој бил паганин, во 306 година.

Именден празнуваат: Варвара…

Светата великомаченица Варвара настрадала во 306 година, а Светата црква споменот на нејзиното име го празнува на 17/4 декември. Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала, некогаш сама, некогаш со Пресвета Богородица.

Празникот на Светата великомаченица Варвара народот најчесто го поврзува со заварување (затекнување), варење и сл . Поради тоа и обичаите и верувањата што се изведуваат на тој ден се во таа насока.