Денес и утре сончево со температура до 32 степени, во недела дожд

Времето ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 26 до 32 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 31 степен.

Топло време ќе се задржи и в сабота кога дневната температура ќе се движи од 27 до 32 степени. Кон крајот на денот ќе има и услови за локален краткотраен дожд.

В недела попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, а температурата ќе бележи благо опаѓање.