Денес или утре ќе бидат ослободени бугарските заложници во Судан

Најверојатно денеска или утре ќе бидат ослободени Бугарите кои беа земени во заложништво во Судан. За ова информираше Георги Спасов, претседателот на бордот на директори на „Хели ер“, со чијшто хеликоптер летале Бугарите.

Како што објави Dnes.bg, шестмината Бугари биле земени како заложници од страна на судански бунтовници, откако хеликоптерот принудно слетал во јужниот дел од земјата. Бугарите летале според договор со ООН.

Според изјавата на Спасов бугарските државјани се добро. Засега нема информации дека бунтовниците барале откуп.

Тој појаснил дека постојат процедури кои што треба да се извршат, пред заложниците да бидат ослободени.