четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 44

Денес истекува рокот за исплата на откупеното грозје

Заклучно со денес, истекува законскиот рок до кој винарските визби требаше да го исплатат грозјето откупено минатата година.

grozje

Поврзани вести

Заклучно со денес, истекува законскиот рок до кој винарските визби требаше да го исплатат грозјето откупено минатата година.

Лидерот на лозарите Љупчо Аризанов вели дека според информациите од терен некои од винарниците го имаат целосно исплатено откупеното грозје, но оти има и такви кај  кои намирувањето на обврските кон производителите на грозје е со многу мал процент.

Ги повикува винариите да  го платата откупеното грозје на лозарите во најскоро време.

Како претседател на регионалниот Сојуз на лозари “Агротиквешија”, тој нагласи дека на лозаропроизводителите им се неопходни парите кои ги побаруваат од винарските визби, затоа што во тек се активностите во лозјата околу новата производствена сезона

-Искуството покажа дека лозарите се повеќе одлучуваат да го продаваат грозјето на винарите кои редовно плаќаат, а ги избегнуваат оние кои на секаков можен начин се обидуваат да ги изманипулираат нив, истакнува Аризанов.

Најчитани вести