Денес ќе се одбележи Националниот комеморативен ден на холокаустот

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе го одбележат Јом Ашоа, Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на Државата Израел во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и Комеморативен ден на 6 милиони Евреи убиени во холокаустот.

Комеморативниот настан ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало. На настанот ќе биде откриен споменикот на Македонски паметник за жртвите на холокаустот и ќе се запалат шест меморијални свеќи и ќе биде отворена детската изложба  „Холокаустот низ призмата на детските очи“ во соработка со Министерството за образование и наука, Фондацијата „ФОРУМ –ЗФД“и Градот Скопје.