Денес нова средба за медиумите: Нема договор, но има напредок

Откако синоќешните разговори на партиските групи за реформи во медиумите завршија без успех за денес е закажана нова средба во Клубот на пратениците, со посредство на олеснувачот Питер Ванхауте.

По синоќешната средба олеснувачот Ванхауте на својот твитер-профил напиша дека сè уште нема договор, но има напредок и дека разговорите ќе продолжат денеска попладне.

Денес е последниот рок за договор, а се очекува во текот на денов амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав да ја кажат својата оцена дали земјата е подготвена за избори на 24 април.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.