Денес облачно со повремен дожд, oд понеделник пресврт во времето

Претпладне времето ќе биде променливо облачно, во источните делови со слаб локален дожд.

Попладне постепено облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и на исток.

Минималната температура ќе се движи од 3 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Температурите од 4 до 15 степени.

Од понеделник следува период на стабилно и суво време со пораст на дневната температура.