Денес променливо облачно, од петок попладне дожд

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во јужните делови можен е слаб локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од четири до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до седум степени.

Значителна промена на времето се очекува од петок попладне. Под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот ќе има нови пообилни врнежи од дожд придружени со засилен јужен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег. Најобилни врнежите ќе бидат во ноќните часови во петок према сабота и сабота према недела, особено во западните и јужните делови од земјава.

Во петок и сабота времето ќе биде релативно топло со изразено јужно воздушно струење. Дневните температури ќе се движат од шест до 11, односно 12 степени.