Денес променливо облачно време, утре и во сабота дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб, на повисоките места и долж Повардарието со умерен југоисточен ветер. Во западните и јужните делови ќе има слаб локален дожд.  Максималната температура ќе биде во интервалот од 13 до 18 степени.

Утре и во сабота претпладне ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во вечерните и ноќните часови, особено во јужните делови од земјава. Утре ќе дува умерен, на места повремено засилен југоисточен ветер. Потоа повторно ќе преовладува стабилно време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини.