Денес променливо облачно, од утре дожд

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно, а од утре се очекуваат врнежи од дожд.

Во текот на денешниот ден не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Како што јанавуваат од УХМР, по одделни котлини и речни долини ќе има појава на слаба магла. Претежно ќе биде тивко, само на повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Денес променливо облачно, од утре дожд
Денес променливо облачно, од утре дожд

Температурата ќе се движи од 15 до 23 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 21 степен.

Од утре врнежи од дожд

Од вторник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна воздушна маса, што ќе услови врнежи од дожд со променлив интензитет и пад на температурата од среда за кога се очекуваат и пообилни врнежи од дожд.