Македонија

Денес променливо облачно, од утре стабилно време и пораст на температурата

Денес променливо облачно, од утре стабилно време и пораст на температурата

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на температурата. Утре ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието, информираат од УХМР.

Денес времето ќе биде променливо облачно и посвежо, во северните делови со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. УВ вредноста ќе изнесува 7.