четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Денес променливо облачно со слаб дожд, викендов стабилно и потопло

Променливо облачно и свежо време не очекува во текот на денешниот ден. Претпладне ќе има врнежи од слаб дожд, а на планините со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, а повремено засилен ќе биде особено во западните делови од земјата.

delumno-oblacno-640x320

Поврзани вести

Променливо облачно и свежо време не очекува во текот на денешниот ден. Претпладне ќе има врнежи од слаб дожд, а на планините со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, а повремено засилен ќе биде особено во западните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од седум до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со слаб дожд и со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

За време на викендот ќе се задржи стабилно и потопло време. Во недела и во понеделник ќе дува и повремено засилен јужен ветер. Од понеделник попладне се очекува нов влажен бран. Температурите до понеделник ќе бидат во постојан пораст, па така во понеделник на југоистокот на земјата ќе има температури и до 20 степени.

Најчитани вести