Денес сончево и топло време, утре повторно дожд

Сончево и топло време не очекува во текот на денешниот ден. Попладне ќе има мала до умерена облачност и слаб до умерен претежно југозападен ветер.

Температурата ќе се движи од 17 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.

Температурата ќе достигне до 26 степени.

Во вторник и во среда ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен западен и северозападен ветер, а температурата ќе опадне за неколку степени. Во наредните денови се очекува стабилно и потопло време.