петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 45

Денес сончево и ветровито, од утре пораст на температурите

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Од изутрина од север ќе започне да дува умерен до повремено засилен северен ветер кој преку денот ќе засилува и долж Повардарието.

soncevo-vreme-640x341

Поврзани вести

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Од изутрина од север ќе започне да дува умерен до повремено засилен северен ветер кој преку денот ќе засилува и долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 25 до 33  степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. До крајот на денот облачноста ќе се намали и во Скопската котлина. Од наутро ќе дува умерен северен ветер кој преку денот повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Од петок следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури кои за време на викендот на југоистокот од земјата ќе достигнуваат до 36 степени.

Најчитани вести