Денес сончево од утре дожд

Сончево и топло време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер не очекува во текот на денешниот ден.

Кон крајот на денот во северните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален краткотраен дожд и со ретка појава на грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 32 степена.

УВ-индекстот ќе изнесува 7.

Во четврток, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно  со пороен дожд и грмежи. На места ќе има услови за невреме проследено со засилен ветер, електрични празнења и појава на град. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во јужните и источните делови на земјата. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи од 24 до 31 степен.