Денес сончево и топло, од утре очекувајте дожд

Според прогнозите денеска ќе имаме сончево и топло време, а од утре се очекува дестабилизација на времето и врнежи од дожд.

Денес времето  во Македонија ќе биде сончево и топло со мала, а попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Температурата ќе се движиод 28 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала, а попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе достигне до 35 степени.

Во сабота попладне и во недела во текот на денот, претежно во западните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник се уште ќе има услови за локален дожд.