Денес сончево и топло, од утре пад на температурите

Сончево и топло време со мала до умерена облачност не очекува во текот на денешниот ден. Преку денот ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер претежно од јужен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Од петок до недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а ќе има и услови за појава на грмежи особено во сабота.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето и постепено затоплување.