четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Денес стабилно и суво време, викендов очекувајте дожд

sonceee2

Поврзани вести

Времето во Македонија ќе биде стабилно и суво. Преку денот ќе има умерена облачност, а наместа особено во западните делови ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 17 до 25 степени. Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 22 степени. В петок и сабота ќе има извесно зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, наместа со појава на ретки грмежи.

Од недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд наместа проследени со грмежи и со засилување на ветерот. Локално се очекуваат и обилни врнежи.

Најчитани вести