Спорт

Денес стартува фудбалскиот плеј-оф

Денес стартува фудбалскиот плеј-оф

Со натпреварот меѓу Работнички и Силекс што се игра попладнево на теренот на ФФМ во Скопје ќе стартува фудбалскиот плеј оф каде најдобрите шест екипи ќе разигруваат за шампионската титула. Почетокот на дуелот е во 16 часот, пренесе МИА.

Утре во истиот термин во Куманово играат Шкендија и Ренова, додека од 18 часот на Националната Арена „Филип Втори“ Вардар го пречекува Металург.

Табела плеј оф: Вардар 61 бод, Работнички 55, Шкендија 47, Ренова 44, Силекс 34, Металург 33.

В недела во терминот од 16 часот се играат и натпреварите од плеј аутот (лигата за опстанок). Брегалница во Штип е домаќин на Тетекс, а Хоризонт во Турново го пречекува Пелистер.

 

Табела: Брегалница 30 бодови, Хоризонт Т. 30, Пелистер 23, Тетекс 11.