Денес и утре дожд, од задутре пекол

Денес и утре ќе врне дожд, а од задутре следуваат пеколни горештини.

Од среда нашето подрачје ќе потпадне под влијание на сува и многу топла воздушна маса од југ. Особено топло ќе биде за време на продолжениот празничен викенд кога дневната темпаратура долж Повардарието ќе достигне 40 степени, информираат од УХМР.

Денес времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи. Поинтензивни процеси ќе има во западните, а попладне и во југоисточните делови, така што локално ќе наврнат над 25 л/м2.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени. УВ вредноста изнесува 6.

Утре ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд, а попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во северните и источните делови.