Денес и утре облачно со повремен дожд

Врнежи од дожд не очекуваат и во текот на денешниот и во текот на утрешниот ден. Стабилизирање на времето се очекува од сабота.

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде што на планините врнежите ќе бидат и од снег. Ќе дува ветер од северен правец, долж Повардарието повремено и засилен.

Утринската температура ќе се движи од пет до осум, а дневната  од шест до 13 степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремен дожд со послаб интензитет.  Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во петок ќе има повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од шест до 14 степени.

Од сабота се очекува стабилно време. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти и под нулата, а дневната ќе бележи постепен пораст.