Денес и утре пекол, од среда попладне дожд

Утре и во среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Во среда кон крајот на денот ќе има наоблачување со локален дожд во северните делови, информираат од УХМР.

Од четврток следува период на понестабилно време со постепено благо опаѓање на температурата. Во претпладневните часови ќе биде сончево, а попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Денес времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд и појава на грмежи.  Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој попладне локално ќе се засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени. УВ=8

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.