Денес започнува шаховскиот турнир “Карпош Опен 2015”

Со партиите од 1-то коло (17:30 ч.) денеска ќе започне пет­тиот по ред ме­ѓу­на­ро­ден тур­нир “Кар­пош опен 2015”, кој до 3-ти април ќе се одр­жи во хотелот “Александар Палас” во Скоп­је.

Вкуп­но 238 ша­хи­сти (од нив 33 ве­ле­мај­сто­ри, 26 ин­тер­на­ци­о­нал­ни мај­сто­ри, 28 ФИДЕ-мај­сто­ри), од кои осум со реј­тинг по­ви­сок од 2.600 по­е­ни од 26 др­жа­ви, до денес наутро беа при­ја­вени за учество.

На тур­ни­рот ќе настапат и си­те до­се­гаш­ни по­бед­ни­ци, Ср­би­нот Ро­берт Мар­куш (2011), Бу­га­ри­нот Ки­рил Ге­ор­ги­ев (2012 и 2014) и Хр­ва­тот Зден­ко Ко­жул (2013). За­се­га нај­до­бро­ран­ги­ран ма­ке­дон­ски ша­хист на тур­ни­рот е Филип Панчевски (2.485, 24-ти). Прворангиран е Србинот Иван Иванишевиќ (рејтинг 2.638)

Тур­ни­рот во девет кола и го­ди­на­ва е во ор­га­ни­за­ци­ја на оп­шти­на­та Кар­пош и со тех­нич­ка под­др­шка на ШК Гам­бит Асе­ко Сее, наградниот фонд изнесува 16.000 евра, од кои победникот ќе добие 2.500. Свеченото отварање е закажано денес во 17 часот.