Свет

Денеска започнува судскиот процес против Морси

Денеска започнува судскиот процес против Морси

Во главниот град на Египет започнува судскиот процес против поранешниот претседател на земјата Мохамед Морси, пренесуваат светските медиуми.

Тој е обвинет во организацијата на масовно бегство на негови соборци од затвор во 2011 година, за време на кое беа убиени претставници на органите на редот.

Морси уште е обвинет за убиството на десетици демонстранти, подготовка на терористички акти и шпионажа. Тој ги отфрла сите обвинувања и продолжува да се смета себеси за легитимен претседател на Египет.