Македонија

Денешен: Етем Aбаз- криминалец лојален на СДСМ

Денешен: Етем Aбаз- криминалец лојален на СДСМ

Во соопштението на МВР со кое раководи техничкиот министер на СДСМ Оливер Спасовски, кое повеќе личеше на партиско соопштение од СДСМ  отколку на професионален полициски извештај, беше наведено дека Абаз како возач на “пасатот“ го пријавил инцидентот.

-Токму на лицето Етем Абаз, кое го пријавило инцидентот во полиција, му е одземена возачката дозвола и има изречено забрана за управување возило  за Б категорија од 13.05.2016 до 13.05.2019 заради пречекорување и прекршување на законот, пишува порталот.

Грозоморно е што МВР раководено од СДСМ се обидува да го прикрие фактот дека ова лице кое се јавува како ” совесен граѓанин” кое го следи и брка возилото на Спасов, како и го напаѓа истото всушност не смее да го управува возилото и со самото тоа прави низа прекршоци како и учествува во кривично дело при извршување на нападот врз Спасов.