четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Денешен: За колку пари кодошот на Ѓорѓи Колозов беше ангажиран да пее за Жерновски?

Колозов бил кодошен во деновите додека студирал од своите колеги. Бил обвинет за бугарофил. Во дел од текстот од досието на Колозов, кое се наоѓа во 6-тиот том од „Црните страници на Удба“ , едицијата која ја објави Државниот архив пишува дека актерот постојано ја посетувал Софија, па дури и во неколку наврати на факултетот за драмски уметности зборувал на бугарски јазик со свој колега.

nino-boemska-640x425

Последни вести

Општина Центар се пофали дека за отворањето на втората Боемска улица, кое се случи вчера, го ангажирала Нино Величковски, за кого според досиејата кои ги поседува Државниот архив на Македонија се дозна дека го кодошел македонскиот актер Ѓорги Коловоз, пишува порталот Денешен.

Не е познато колкав износ легнал на сметката на Величковски кој вчеравечер го забавувал и градоначалникот Андреј Жерновски.

-Јас како граѓанин на овој град и како државјанин на СФРЈ се чувствувам должен да ја дадам оваа изјава. На 29 април 1976 година бев сведок на една немила сцена, на еден отворен атак на нашата земја, конкретно над нашата република. Имено тоа се случи во бифето на народниот театар во Куманово. Главниот иницијатор на таа сцена беше актерот при МНТ, кој работи во Скопје, а живее во Куманово – Горѓи Колозов . Истиот некултурно се вмеша во еден разговор кој се однесуваше околу патувањата во Грција, се водеше меѓу мене и Насковски Тодор- наставник во училиштетото „Крсте Мисирков“. Ѓорѓи Колозов се вмеша со прашањето: Што е таа инвазија во Грција, што луѓето наоѓаат таму и знаат ли каде идат? Зарем немаат каде да идат? Еве тука е Бугарија.“, започнува изјавата од студентот кој и пренесува информации на тајната полиција за еден од најпознатите македонски актери, Ѓорѓи Колозов.

velickovski-izjavavelickovski-izjava1

Колозов бил кодошен во деновите додека студирал од своите колеги. Бил обвинет за бугарофил. Во дел од текстот од досието на Колозов, кое се наоѓа во 6-тиот том од „Црните страници на Удба“ , едицијата која ја објави Државниот архив пишува дека актерот постојано ја посетувал Софија, па дури и во неколку наврати на факултетот за драмски уметности зборувал на бугарски јазик со свој колега, потсетува порталот.

Непознат е и износот кој го добил Ѕвонко Богдан, кој исто така беше ангажиран од Жерновски за отворањето на Боемска 2. Граѓаните го паметат и промашувањето на градоначалникот со еден од најпознатите диџеи, Стив Аоки.

Наместо забава, граѓаните добија концерт кој не се одржа поради лошата организација, а американскиот диџеј десетици илјади евра, исплатени од општинскиот буџет, односно од парите на граѓаните.

Дополнително, градоначалникот се одлучи да не ја откаже прослава за новогодишната ноќ, и покрај апелите на граѓаните средствата наместо да се потрошат на прослава да се донираат на социјални семејства. За овој повик на граѓаните се одзваа Град Скопје, Велес., пишува Денешен.

Најчитани вести