Денеска Авто Рели Гази Баба 2014

Во општина Гази Баба денес ќе се одржи Авто Рели Гази Баба 2014.

Релито ќе се одвива во два дела: првиот дел е за вешто возење на паркингот кај воената кула во Автокоманда, а вториот возење по градските улици од плоштадот во Автокоманда до плоштад Македонија и назад.

На почетокот на настанот ќе присуствуваат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски.

Авто Рели Гази Баба 2014 го организираат АКК „Примо“ и општина Гази Баба.